625
По заминувањето на Мхитарјан во Интер, се зголеми интересот на Рома за Иско кој и претходно се поврзуваше со римската волчица.
Неговиот договор со Реал Мадрид е истечен и тој како слободен играч е интересен за клубот од Рим.
Иско се уште ги разгледува опциите, наводно тој преферира да се пресели во клуб кој игра во Лигата на шампионите, но се верува дека Жорж Мендеш може да има клучна улога тој да потпише за Рома.
Жорж Мендеш кој е агент и на Иско и на Жозе Мурињо се верува дека ќе му помогне на Португалецот во дел од трансфер целите, па сега е тој момент.