Кристијано
Роналдо изминатиов викенд одново беше во фокусот на медиумите откако Тајмс
објави дека ЦР7 доставил барање за трансфер. Се шпекулира дека ЦР7 не е
задоволен од трансфер активностите на Олд Трафорд, а и сака да игра во Лигата
на шампиони.
Според новинарот
Фабрицио Романо, Кристијано Роналдо бара Манчестер јунајтед да покаже поголеми
амбиции. Тој не кажал кои играчи треба да бидат купени, но смета дека на „ѓаволите“
им требаат најмалку 3-4 важни засилувања и тоа што поскоро, со оглед на тоа
како се засилуваат Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал и Тотнем.
ЦР7 го цени и почитува новиот тренер Ерик тен Хаг, но верува дека актуелниот состав не е доволно добар.
Фабрицио Романо
исто така додава дека Челси во моментов е фокусиран на други приоритети како
Рахим Стерлинг. Доколку сопственикот на „сините“, Тод Боли реши да го ангажира
Кристијано Роналдо, ќе треба да добие зелно светло и од тренерот Томас Тухел.