По последните информации од релавантните медиуми дека Кристијано Роналдо побарал од Манчестер јунајтед да си замине, се зголемуваат шпекулациите за неговата иднина.
А последната доаѓа од „Атлетик“ кој го претставува Наполи како еден од кандидатите за потписот на Кристијано Роналдо.
Рома е првиот клуб од Серија А кој се поврзува со Роналдо, но предноста на Наполи е фактот што тие играат во Лигата на шампионите за разлика од волчицата, а тоа ги прави поатрактивни.
Лоренцо Инсиње и Дрес Мертенс си заминаа како слободни фудбалери, па Наполи ќе треба да ја засили офанзивата.
Доколку Кулибали не прифати намалување на платата, би можел да биде продаден, а тоа ќе ослободи финансии за купување на Роналдо.