148
Интер долго време се поврзува со Дибала, се водат преговори меѓу двете страни, но договор се уште нема, работите постојано се одолговлекуваат.
Новинарот Даниеле Лонго од „Калчомеркато“, тврди дека Милан сака да ја искористи таквата ситуација и од пред некоја недела започнал разговори со претставниците на Дибала.
Наводно Дибала е отворен за преселба во Милан, но ќе ги почека и финалните понуди од Интер и Атлетико Мадрид пред да ја донесе одлуката кој ќе биде негов следен клуб.