Ел Шарави знае дека нема да се изнаигра, но сака да остане во Рома

by
1 минути читање

Според „Кориере дело Спорт“, Ел Шарави има понуди од Аталанта, Фиорентина и Монца. Но тој не сака да си замине од Рома, сака до крај да го испочитува договорот кој му истекува во јуни 2023 година.

29-годишниот фудбалер веројатно ќе има уште помала минутажа од лани бидејќи Мурињо во составот сега го има Спинацола кој се врати од повреда, како и Залевски кој беше импресивен по левата страна.

Ел Шарави е свесен за тоа, но сака да остане во составот на Мурињо и да го даде својот допринос од клупата како ќе биде потребно.

Останување на Ел Шарави е добро за широчината во составот на Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×