„Меси бараше Барселона да го купи Мане“

by
0 минути читање

Садио Мане изминатиов
период е во фокусот откако направи трансфер во Баерн Минхен вреден 32 милиони
евра, плус додатни 9 милиони евра во бонуси.

Неговиот
советник, Бакари Сисе сега открива дека имало простор за трансфер и минатото
лето, Лео Меси побарал од Барселона да го ангажира напаѓачот.

„Минатото лето,
можеше да направи трансфер во Барселона. Лео Меси го бараше Садио Мане, во
преговорите со Барса за нов договор, го спомна неговото име“
– открива Бакари
Сисе.

„Пред да се
пресели во ПСЖ, на управата на Барса и предложи двајца играчи, Садио Мане и еден централен дефанзивец“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×