Се ближи крајот
на трансфер сагата на Осман Дембеле, во следните денови ќе стане јасно дали
напаѓачот ќе остане на Камп Ноу или ќе замине.
Неговиот агент денеска
пристигна во Барселона и ќе има средби со раководството на „каталонците“.
Како што
пренесува РАЦ1, понудата која Осман Дембеле ја има сега всушност е
пониска од таа која му била презентирана во декември, и одговорот треба да го даде
до крајот на неделата.
Новинарот Жерард
Ромеро дадава дека на маса е понуда со плата од 6 милиони евра, плус додатни
1,5 милиони евра во бунуси. Исто така, агентот на Осман Дембеле нема да добие никаква
премија/бонус за продолжување на договорот.
Извештаите велат
дека во таборот на Барселона владее оптимизам и очекуваат позитивен одговор од
Осман Дембеле.