Оваа недела и Милан и Интер ќе потпишат со нови напаѓачи

by
0 минути читање

Ориги во Милан ќе пристигне како слободен играч. Тој во текот на денешниот ден ќе пристигне во Милано, а за утре се закажани медицинските тестови, откако ќе ги помине ќе стави потпис на договор со росонерите.

Деновиве во Милано треба да пристигне и сонародникот на Ориги, Ромелу Лукаку кој се враќа во Интер.

За разлика од Ориги кој потпишува перманентен договор со Милан, Лукаку во Интер оди на едногодишна позајмица.

Неговото пристигнување во Милано се очекува во вторник или среда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×