178
Нејмар е свесен дека никаде нема да ја добие платата која ја добива во ПСЖ, а доколку не прифати драстично намалување на примањата, можно е и да не најде нов клуб.
Челси, Манчестер јунајтед и Њукасл од Премиерлигата се поврзуваат со Нејмар, а „АС“ пишува дека Бразилецот му бил понуден и на Јувентус, па и италијанскиот клуб е опција.
Нејмар има договор со ПСЖ до јуни 2025 година, а неговата годишна плата е околу 30 милиони евра, сума која никој нема да му ја понуди. Дури малку е веројатно дека ќе добие и понуда со половина од таа сума.
Некои шпекулираат дека поради високата плата која ја добива во ПСЖ, можно е Нејмар да остане таму без разлика на неговиот однос со Насер Ал Келаифи.