Првичната идеја на Нејмар била да остане во ПСЖ, но неодамна во едно интервју претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи одби да потврди дека Бразилецот останува.
Ал Келаифи имаше неодредена изјава за иднината на Нејмар, а на фудбалерот тоа не му се допаднало.
Последните информации се дека Нејмар сака да си оди од ПСЖ и се поврзува со Манчестер јунајтед, Челси и Њукасл.
Доколку Нејмар пристигне во Манчестер јунајтед, голема е веројатноста клубот да даде зелено светло за заминување на Роналдо кој се поврзува со Рома.
Челси со заминувањето на Лукаку ќе има потреба во засилување во офанзивната линија, па и Нејмар станува опција.
Њукасл со новите газди има голем трансфер буџет, па и тие сакаат да донесат некое елитно засилување во тимот.