181
Актуелниот договор на Малдини со Милан истекува за неколку дена, требаше досега да биде продолжена соработката, но постојано се одолговлекува.
Костакурта ја истакнува важноста на Малдини за Милан и смета дека газдите ќе испаднат морони доколку не го задржат.
„Не можам да го замислам Милан без Паоло Малдини, не мислам дека другите се морони, па верувам дека Малдини наскоро ќе потпише“, вели Костакурта.
„„Радикална промена на стратегијата би била штетна. Мене ми се чини дека сè оди многу добро. Ограничениот буџет води до многу идеи, не би се грижел премногу за тоа“.