Ди Марија му се додворува на Јувентус: Се работи за најголемиот клуб во Италија!

by
1 минути читање

Анхел Ди Марија е една од желбите на Јувентус за засилување на тимот, двете страни преговараат со месеци а последните информации велеа дека „старата дама“ го загубила трпението и ќе се фокусира на други цели бидејќи Аргентинецот не одговорил во рокот кој му бил даден.

Во разговор со ЕСПН, поранешниот играч на Реал, Манчестер јунајтед и ПСЖ порача дека во моментов се фокусира на одморот и семејството и додаде дека Јувентус е најголемиот клуб во Италија.

„Јувентус е најголемиот клуб во Италија, и да, тие се еден од тимовите кои се заинтересирани за мене. Во моментов се уште размислувам, се фокусирам на одморот и семејството“ – вели Ди Марија.

Новинарот потоа му даде дрес од Рома, а Ди Марија со насмевка на лицето рече: „Не, не сум заинтересиран за овој!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×