Повеќе тренери и играчи се жалат за се поголемиот број на натпревари во сезоната.
„Сите сакаат повеќе куп натпревари но не се откажуваат од ништо. Клубовите сакаа 10 натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите, ќе имаат осум, тоа е вистинскиот број“, вели Чеферин.
„Домашните лиги треба да имаат по 18 клубови, но претседателите не се сложуваат со тоа. Тие треба да разберат дека два домашни купа е премногу“.
На Чеферин му беше посочено дека Клоп и Пеп се меѓу оние кои се жалат на големиот број натпревари.
„Лесно е да ги нападнеш ФИФА и УЕФА, но работата е едноставна. Доколку играш помалку, ќе имаш помалку пари. Тие кои треба да се жалат се работниците во фабриките кои добиваат по околу 1.000 евра месечно“.