Фудбалер на Ајнтрахт поради политички причини на 29 години ја заврши кариерата!

by
1 минути читање

Хинтерегер беше фудбалер на Ајнтрахт со кој ја освои Лига Европа, а беше и австриски репрезентативец, играше против Македонија на Европското првенство.

Тој организирал фудбалски турнир заедно со десничарот Хајнриг Сикил кој е дел од организација која од австриското правосудство е опишана како „десна, есктремна, расистичка, сексистичка, национално и етнички ориентирана“.

Откако излезе во јавноста дека Хинтерегер заедно со Сикил го организирал турнирот, фудбалерот веднаш се извини, но и покрај тоа продолжија притисоци и закани кон него по што тој решил да стави крај на кариерата и да се повлече од јавноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×