ПСЖ се пофали дека Меси е машина за пари, арно ама ќе ја завршат годината со загуба од 200-300 милиони

by
1 минути читање

Лео Меси беше трансфер бомбата минатото лето, Аргентинецот ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ. „Светците“ сега се фалат дека зделката била полн погодок, Аргентинецот е машина за пари и помогнал клубот да оствари рекордни 700 милиони евра приходи.

Потписот на Лео Меси донел 10 нови спонзори, кои платиле и повеќе пари.

„Наместо суми помеѓу 3 и 5 милиони евра, добивме суми помеѓу 5 и 8 милиони евра“ – вели директорот Марк Армстрон.

Аргентинецот придонел и за зголемена продажба на дресови, за прв пат ПСЖ продал повеќе од 1 милион дресови, 60% биле со презимето на Меси. Само во првите три часа биле продадени дресови во износ од речиси 1 милион евра. Забележано е зголемување и на продажбата на целиот асортиман во продавниците на ПСЖ.

Поради Лео Меси се бележат и поголеми приходи од продажба на билети, веќе нема слободни места на „Паркот на Принцовите“.

ПСЖ доживеа и бум на социјалните мрежи и доби над 15 милиони нови следбеници по трансферот на Лео Меси.

Аргентинецот, кој дел од платата ќе ја добива во токени, придонесе да се зголеми и цената на криптовалутата на ПСЖ.

И додека „светците“ се фалат, Л’Екип пишува дека ПСЖ годината/сезоната ќе ја заврши со огромен минус, односно загуба помеѓу 200-300 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×