169
ПСЖ сака да се
ослободи од Нејмар ова лето, пред неколку дена беше објавено дека Бразилецот бил понуден
на Јувентус.
Последните
информации говорат дека и Барселона добила сличен повик, неколку посредници па
дури и Пини Захави (агентот на Роберт Левандовски) ги известил „каталонците“ дека
можат да го вратат Бразилецот на Камп Ноу.
Сумата потребна
за трансфер е 50 милиони евра, и самиот Нејмар бил загреан за идеата одново да го облече дресот на „каталонците“.
Во моментов
Барселона сепак не размислува за ваква зделка и покрај тоа што Жоан Лапорта има
одличен однос со Пини Захав и Нејмар, приоритет на претседателот е ангажман на
Роберт Левандовски.