286
Кристоф Галтие ќе биде наследникот на Маурисио Покетино на жешкото столче на „Паркот на принцовите“. Голем број на извори пренесуваат дека „светците“ ќе го именуваат 55 годишниот стратег за нов тренер, Французинот беше прва желба на новиот спортки директор Луис Кампос.
За да го ослободи од договорот со Ница, ПСЖ ќе плати обесштетување од околу 10 милиони евра.
Со решено прашање за нов тренер, ПСЖ ќе тргне по потписот на Милан Шкрињар и на маса ќе стави нов предлог вреден 60 милиони евра плус бонуси.
Интер веќе одби една понуда од 50+ милиони евра и се шпекулира дека „нероаѕурите“ ќе прифатат трансфер за сума од 80 милиони евра.