489
Левиот бек на полската репрезентација, Мачеј Рибус како слободен играч се потпиша за Спартак Москва.
Од Полската фудбалска федерација соопштија дека тој нема да биде дел од Светското првенство.
„Селекторот на полската репрезентација разговараше со Рибус по тренинг кампот кој заврши во неделата. Поради актуелната состојба во клупскиот фудбал, тој нема да биде повикан на собирот во септември, а нема да биде ниту дел од тимот што ќе оди на Мундијалот во Катар“, стои во соопштението.
Komunikat PZPN ws. Macieja Rybusa
— PZPN (@pzpn_pl) June 20, 2022