Барса чека Баерн да го промовира Мане па да понуди 50 милиони евра за Левандовски

by
0 минути читање

Барселона чека
Баерн Минхен да го промовира Садио Мане како ново засилување па да тргне во
офанзива по потписот на Роберт Левандовски.

Новинарите Мано
Бонке и Филип Кеслер пренесуваат дека „каталонците“ на маса ќе стават 50
милиони евра и се надеваат дека оваа сума ќе биде доволна за трансфер.

Според пишувањата
на Спорт, предлогот најверојатно ќе биде од 40 милиони како фиксен дел и 10
милиони евра во бонуси.

Баерн Минхен веќе
одби една понуда од 32+5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×