217
Малдини и Масара се многу значаен дел од успехот на Милан, нивните актуелни договори истекуваат на 30. јуни, па навивачите беа во неизвесно чекање на нивната судбина.
Имаше разни гласини, некои велеа дека има тензија со челниците на клубот и можно е Малдини да замине, сепак последните информации велат дека тоа нема да се случи.
Малдини и Масара ќе потпишат нови договори во текот на следната недела и ќе продолжат да ја креираат трансфер политиката на Милан.