Споредба на понудите на Милан и ПСЖ за услугите на Ренато Санчез (ФОТО)

by
1 минути читање

Паоло Малдини го одбра Ренато Санчез за наследник на Франк Кеси, Милан по долги преговори пронајде заеднички јазик со Португалецот за плата од 3,5 милиони евра по сезона, но преговорите со Лил запнаа.

Клубот од Франција бара 30 милиони евра, додека пак „росонерите“ на маса ставија 10-15 милиони евра.

Шампионот на Италија сега ризикува да остане без фудбалерот откако ПСЖ влезе во трката и достави подобра понуда. Се шпекулира дека „светците“ на Лил му нудат 20 милиони евра, а за Ренато Санчез подготвиле договор со плата од 5 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×