ПСЖ го убедувал Винисиус да не потпише нов договор со Реал и му ветувал неверојатна плата од 40 милиони евра

by
1 минути читање

Флорентино Перез пред
неколку дена гостуваше во емисијата „Ел Чирингито“ и откри дека Винисиус Жуниор
добил неколку понуди, но младиот Бразилец на ум има само продолжување на соработката
со Реал Мадрид.

Последните
информации велат дека ПСЖ го убедувал Винисиус да не става потпис на нов
договор, и му ветувале плата од неверојатни 40 милиони евра по сезона доколку
пристигне во Париз како слободен играч.

Како ова да е
малку, па ПСЖ му ветувал и дарежлив бонус за потпис, како и бизнис можности во
Катар.

Бразилецот сепак
не го интересирале парите и наскоро ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид
со кој ќе заработува помеѓу 10 и 12 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×