Озил може да престане да игра фудбал и да почне да се натпреварува во видео игри

by
1 минути читање

Фенербахче го исфрли Озил од првиот тим поради дисциплински причини, неговата иднина е неизвесна. Не се отфрла можноста ова да е и крај на неговата кариера.

33-годишниот Озил одамна изгледа незаинтересирано за фудбал, многумина велеа дека премногу играл видео игри и тоа е точно. Неговиот агент вели дека тој може да се префрли и во еСпортот.

„Тој би можел да се префрли во еСпортот, да биде играч. Навистина е добар, искрено. Одличен е во Фортнајт и не би бил изненаден ако почне да се натпреварува“, вели агентот Ергут Согут.

„Озил е сопственик на тим за видео игри, „М10 Еспорт“ и има играчи. Има куќа за играње во Германија. Во ФИФА и Фортнајт е добар исто како и во фудбалот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×