295
Првата понуда на Интер беше пет милиони евра, таа беше одбиена, но двата клуба ги продолжија преговорите.
Се верува дека Челси бара 15 милиони евра за едногодишна позајмица на Лукаку, но подготвен е да ги намали барањата.
Сепак, од Интер им соопштиле дека тие нема да одат над сума од осум милиони евра со што посочиле дека тие не го посакуваат Лукаку толку многу колку што тој сака да се врати во клубот.
Сега работите зависат од Челси, дали англискиот клуб ќе ја прифати понудата од осум милиони евра и ќе го пушти Лукаку на позајмица.