175
Синоќа беше
одржано генерално собрание на кое Жоан Лапорта побара дозвола да продаде до
49,9% од компанијата „Барса Лајсенсинг & Мерчендајзинг” (БЛМ), како и
до 25% од аудио-визуелните права во Ла Лига.
Делегатите дадоа
зелено светло, па претседателот на Барселона и неговите соработници сега ќе
треба да ги финишираат преговорите кои траат подолго време.
Очекувањата се
дека ќе добијат помеѓу 200 и 300 милиони евра за 49,9% од БЛМ како и најмалку
200 милиони евра за секои 10% од ТВ правата на 25 години.
Жоан Лапорта исто
така откри дека добиле понуда од 1 милијарда евра за ТВ првата, но се работелео
за 100% од ТВ правата во следните 10 години, па го одбиле овој предлог.