2,3K
Погба ќе си замине од Манчестер јунајтед ова лето, неговиот договор официјално истекува на 30 јуни. Негова следна дестинација би требало да биде Јувентус.
Зборувајќи во новиот документарец на „Амазон прајм“, именуван како „Погментари“, Погба го нападна Манчестер јунајтед.
„Сакам да му покажам на Манчестер јунајтед дека погреши што чекаше да ми даде договор“, вели Погба.
„И да им покажам на другите клубови дека Манчестер погреши што не ми даде договор“.