Свен Ботман и
Шарл де Кетеларе се на врвот од листата со желби на Паоло Малдини и Рики
Масара, но зделките воопшто не се лесни поради конкуренцијата од Премиерлигата.
Сепак, Милан како
адут ја имаат желбата на фудбалерите да го облечат „црвено-црниот“ дрес.
Свен Ботан и понтаму
продолжува да го одбива Њукасл, кој на маса има ставено повеќе пари. Клубот од
Сент Џејмс Парк полека го губи трпението и поставува ултиматум, односно чека
конечен одговор во следните денови или ќе тргне по други цели.
Слична е и
ситуацијата на Шарл де Кетеларе, Лестер е подготвен да плати 35 милиони евра за
неговите услуги, но приоритет на талентираниот Белгиец е преселба на Сан Сиро,
веќе се има договорено со Милан и чека „росонерите“ да пронајдат дил со Клуб
Бриж за висината на трансферот.