201
Наскоро ќе се знае иднината на Ромелу Лукаку, дали тој ќе остане во Челси и ќе се исполни неговата желба да се врати во Интер.
Тој очајно посакува повторно да заигра за Интер, но Челси не може лесно да го пушти бидејќи за него плати 115 милиони евра.
Интер не е во финансиска можност да даде слична сума за да го откупи, па на закажаниот состанок меѓу двата клуба ќе се дискутира за евентуална позајмица на Лукаку.
Не се исклучува можноста и за перманентен трансфер со размена на фудбалери, но таа опција е помалку веројатна.