Баерн ги одреди условите за трансфер на Левандовски, Барселона ќе треба да плати 50 милиони евра

by
0 минути читање

Роберт
Левандовски во неколку наврати јавно кажа дека сака да замине од Баерн Минхен и
потврди дека желба му е да го облече дресот на Барселона.

Баерн Минхен нема
лесно да се откаже од напаѓачот, и според Радио Каталуња, шампионот на
Германија ги одредил условите за трансфер.

Барселона ќе
треба да одвои 50 милиони евра за ангажман на Полјакот, и целата сума треба да
биде платена одеднаш. Во моментов „каталонците“ имаат финансиски потешкотии и
не можат да си дозволат ваква зделка. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×