Хрватска ја победи Франција во Париз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Клучниот момент се случи уште во петтата минута кога беше досуден пенал за Хрватска, а Модриќ успешно го реализираше за водство од 1-0.

Франција иако во сите 90 минути во нападот ги имаше Бензема и Мбапе, не успеа ниту еднаш да ја затресе мрежата на Хрватите.

Франција по четири одиграни меча има само два бода во Лигата на нации, Хрватска со седум бода е втора. Лидер со девет бода е Данска која денеска со 2-0 беше подобра од Австрија.

Во Лига Б, Исланд и Израел ги поделија бодовите играјќи нерешено 2-2.

Во Лига Ц, Казахстан со 2-1 ја победи Словачка, а Азербејџан со 2-0 ја совлада Белорусија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×