Скамака е на слаки маки, може да бира каде да игра, Сасуоло трие раце

by
1 минути читање

Скамака даде 16 голови во 36 настапи во Серија А за Сасуоло и добива се поголема минутажа во италијанската репрезентација.

Информациите велат дека Милан е заинтересиран за него, но има сериозна конкуренција бидејќи и Јувентус и Интер исто така се поврзуваа со Скамака.

Но, интерес има и надвор од Италија, Арсенал, Борусија Дортмунд и ПСЖ се клубовите за кои имаше гласини дека го сакаат Скамака, но според „Калчомеркато“ има уште чии имиња не излегле уште во јавноста.

Скамака летово сигурно ќе замине, а Сасуоло би требало добро да го наплати тоа бидејќи договорот му истекува дури во јуни 2026 година.

Според „Трансфермаркт“ неговата цена во моментов е 30 милиони евра, но се верува дека Сасуоло ќе бара повеќе од тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×