Поради лудиот ноќен живот и забавите до раните утрински часови, заврши бракот на Жерард Пике со Шакира, а како што пренесуваат медиумите од Шпанија, можеби и кариерата на фудбалерот во Барса.
Чави разговарал со Жерард Пике и го известил дека нема да смета на неговите услуги во новата сезона, тренерот донел ваква одлука поради честите повреди на дефанзивецот, проблемите надвор од теренот како и високата плата.
Жерард Пике во моментов не размислува за заминување од Камп Ноу, сака да му покаже на Чави дека има квалитет да биде стартер и дека може да се носи со било кое засилување кое ќе пристигне.
Тој исто така бил подготвен да прифати значително помала плата за да не биде толем товар на клубот.