Името на Френки де
Јонг речиси секој ден е дел од трансфер шпекулациите, Ерик тен Хаг и Манчестер
јунајтед притискаат за негов ангажман и Барселона е подготвена да го продаде со
цел да се подобри финансиската ситуација.
Се говори дека Барселона
ќе се обиде да го ангажира Бернардо Силва како замена за Де Јонг, но Манччестер
јунајтед нема лесно да се откаже од Португалецот.
Синоќа се
појавија гласини дека „граѓаните“ ќе бараат околу 80 милиони фунти (околу 94
милиони евра), сума која веројатно Барселона нема да може да ја плати.
Новинарот Сике
Родригез вели дека „каталонците“ имаат план Б во името на Илкај Гундоган, кој
има далеку пониска цена. Германецот е под договор до 2023 година, во моментов
не сака да ја продолжи соработката со Манчестер Сити и размислува за трансфер.