167
Утрово Бенфика го
потврди трансферот на Дарвин Нуњез во Ливерпул, Уругваецот ќе стане најскапиот
играч на „црвените“ во зделка вредна 75+25 милиони евра.
Кариерата на напаѓачот
можела да биде сосема поинаква доколку Барселона го послушала Луис Суарез.
„Го препорачав
Дарвин Нуњез на Барселона кога тој беше во Алмерија“ – изјави неодамна Луис
Суарез. „Имам 15 години искуство од фудбал во најразлични земји и знам да
препознаам добар напаѓач“.
„Им реков,
„обрнете внимание на овој играч, тој е многу добар, покажува интересни работи“.
Ми кажаа дека играл во Алмерија и дека е премногу млад“.
„Можеа да го
купат за 15-20 милиони евра, а сега треба да платат 80-90 или 100 милиони
евра“.