Лудница во Сицилија, Палермо стигна до Серија Б! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тоа ќе биде прва сезона за Палермо во Серија Б откако летото 2019 година поради банкрот беа исфрлени во Серија Д. Отогаш тие постепено напредува, се качуваа во лигите и стигнаа до второто по ранг натпреварување во Италија.

Палермо со 1-0 го доби првиот меч кој се играше во Падова, а синоќа со идентичен резултат славеше и на свој терен по што радоста за големиот успех можеше да почне.

Стадионот Ренцо Барбера беше исполнет, а по крајот на мечот улиците во Палермо беа преплавени од навивачи, се славеше големиот успех.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×