Србија одигра одлично прво полувреме, поведе со гол на Живковиќ во осмата минута, а Митровиќ со глава во 35. минута зголеми на 2-0.
Но, во второто полувреме се променија работите, Србите влегоа опуштено а Словенија брзо касни, во 48. минута Черин намали на 2-1, а пет минути подоцна Шешко изедначи на 2-2.
До крајот на мечот Србите се обидуваа да го вратат водството, но Словенија се одбрани.
Претходно во оваа група Норвешка со 3-2 ја совлада Шведска.
Во Лига А, Шпанија со 2-0 беше подобра од Чешка, а Португалија со 1-0 загуби на гостувањето кај Швајцарија.
Во Лига Ц покрај нашата група, се одиграа уште два меча, Северна Ирска и Кипар одиграа 2-2, а Грција со 1-0 го победи Косово.
Во Лига Д, Малта со 1-0 беше подобра од Сан Марино.