Мрежите мируваа на дербито меѓу Англија и Италија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во реприза од финалето на последното Европско првенство, Англија и Италија одиграа без голови.

Иако немаше погодоци, натпреварот беше интересен, и двете репрезентации имаа свои шанси, а најголемата ја имаше Стерлинг кој промаши од чиста позиција.

На другите три меча од Лига А вечерва имаше погодоци, но немаше победник.

Унгарија и Германија одиграа 1-1, со тој резултат заврши и мечот меѓу Велс и Белгија, а Холандија и Полска ремизираа со 2-2.

Во Лига Б, Украина со 3-0 ја победи Ерменија, Република Ирска со идентичен резултат славеше над Шкотска, Црна Гора и Босна и Херцеговина одиграа 1-1, а Романија со 1-0 беше подобра од Финска.

Во Лига Ц, Турција со 2-0 победи на гостувањето кај Луксембург, а Фарски Острови со 2-1 ја совладаа Литванија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×