179
Бугарската фудбалска репрезентација доцна синоќа направи сообраќајка во која најдебелиот крај го извлече фудбалерот Тодор Неделев кој заврши во болница со расекотини по главата од скршеното стакло.
Последните информации велат дека веќе му е направена операција и тој една недела ќе треба да остане во болницата во Тбилиси под лекарски надзор.
Останатите фудбалери се добри, а во текот на денот ќе се знае дали мечот меѓу Грузија и Бугарија ќе се игра во предвидениот термин или ќе се одложи.