192
Барселона планира да скрати околу 160 милиони евра од сметката за плати, се шпекулираше дека од одредени фудбалери ќе биде побарано да прифатат и 50% помала плата.
Прв кој прифати кратење е Серхи Роберто, третиот капитен денеска стави потпис на договор до јуни 2023 и во иднина ќе заработува и до 60% помалку.
Спорт и МД пренесуваат дека неговата плата ќе биде 5 милиони евра бруто плус бонуси, што е значително помалку од она што го добива во моментов, односно 12 милиони евра бруто плус бонуси.