Манчестер јунајтед смета дека Ливерпул ќе направи грешка со рекордниот трансфер на Дарвин Нуњез

by
1 минути читање

Неколку извори пренесуваат
дека Ливерпул е на чекор до потпис со Дарвин Нуњез, со Бенфика се пеглаат
деталите за трансферот од 80+20 милони евра а Уругваецот веќе кажал ДА за
преселба на Енфилд и играње под водствот на Јирген Клоп.

Како што
пренесува ЕСПН, и Манчестер јунајтед бил заинтересиран за фудбалерот од
Уругвај.

Сепак, „ѓаволите“
не сакале да влезат во војна на наддавање и сметале дека Ливерпул ќе плати
многу повеќе од она што реално вреди напаѓачот.

Со сума од 100
милиони евра, 22 годишниот напаѓач ќе стане најскапото засилување во историјата
на клубот од Енфилд. Бенфика пред две години за неговите услоги одвои околу 24
милиони евра, па ќе направи огромен профит од оваа зделка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×