Ќе игра против Хрватска, па ќе го потпише својот договор од соништата

by
0 минути читање

Договорот меѓу Реал Мадрид и Монако е потпишан, трансферот со се бонуси ќе вреди повеќе од 100 милиони евра.

Чуамени во моментов е со селекцијата на Франција, а во понеделник ќе го одигра и мечот против Хрватска по што ќе замине за Мадрид да го помине финалниот дел од медицинските тестови.

Потоа ќе го потпише договорот и трансферот ќе биде официјално соопштен.

Голем интерес за Чуамени имаше и од ПСЖ, но неговиот сон беше да заигра за Реал Мадрид, па во ниту еден момент не се двоумеше за кој тим да потпише.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×