Бускетс за кратењето плати во Барса: Би сакал лично да ми го кажат тоа а не да дознавам од медиуми

by
1 минути читање

Изминатиов период
имаше многу информации за тоа како Барселона планира да ја подобри финансиската
состојба. Во последно време се говори за ново кратење на платите, „каталонците“
сакаат да „скинат“ 160 милиони евра и од некој фудбалери ќе биде побарано да
прифатат и 50% помали примања.

„Слушам и читам
многу работи, не знам што ќе ми кажат кога ќе се вратам од одмор. Би сакал
некој од Барса лично да ме извести што како, а не да дознавам од медиумите. Но
секогаш сум подготвен да помогнам“
– вели Серхио Бускетс, еден од капитените.

„Директорите на
Барса ништо ми немаат предложено, ништо ми немаат кажано. Знам само тоа што го
дознавам преку медиумите“.

„Не е убаво кога
дознавате работи преку медиумите, подобро е лично, да се разговара лице в
лице“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×