Голф терените во Мадрид изгледа се навистина добри, Бејл му се нуди на Хетафе

by
1 минути читање

Герет Бејл е слободен играч откако неговиот договор со Реал Мадрид заврши. Пензионирањето беше една од опциите, но тој изјави дека ќе продолжи да игра откако Велс се пласираше на Светското првенство.

Бејл се поврзуваше со враќање во Премиерлигата, но и со клубови како Милан, па информацијата дека тој му се нудел на Хетафе е крајно изненадувачка.

„Пред 45 минути зборувавме со агентот на Герет Бејл, тие ни го нудат. Ќе ја разгледаме и ќе ја простудираме оваа опција“, изјави претседателот на Хетафе, Анхел Торес.

Многумина ја бараа логиката во нудењето на Бејл да игра за Хетафе. Некои веруваат дека тоа е поради страста која ја има кон голфот, тој со години го практикува тој спорт во Мадрид, па не сака да си оди од градот.

Гетафе е дел од Мадрид и Бејл го гледа овој клуб како опција да остане таму.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×