287
Луис Суарез е слободен играч и во моментов ги разгледува опциите за неговата иднина. Интерес за него има од Ривер Плејт, но тој нема намера да се враќа во Јужна Америка засега.
Неговото име се поврзува и со Фиорентина која по заминувањето на Влаховиќ има проблем со реализацијата.
Тие го потпишаа Артур Кабрал од Базел, но тој се уште не почнал да ги исполнува очекувањата. Тие исто го имаа позајменот и Пјонтек од Херта, но полскиот напаѓач веројатно ќе се врати во Германија.
Фиорентина сериозно размислува за ангажман на Луис Суарез, особено што тој е слободен играч.
Ако се реши да остане во Шпанија, за Суарез интерес има од Севиља и Атлетик Билбао.