Интер и Челси ќе почнат преговори за Лукаку

by
0 минути читање

Лукаку очајно посакува да се врати во Интер, напаѓачот брзо се покаја што ги напушти нероазурите и се врати во Челси.

Според италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марцио, во наредните денови Интер и Челси ќе почнат разговори за трансфер на Лукаку.

Но зделката нема да биде лесна, Челси за Лукаку плати на Интер дури 115 милиони евра, а италијанскиот клуб поради финансиската криза може да си го дозволи само на позајмица.

Останува да се види дали двете страни ќе најдат решение, но самото тоа што почнуваат официјални разговори, може да се смета како позитивна вест за Лукаку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×