Новите газди на Челси нема да му се мешаат на Томас Тухел во трансфер политиката, тој ќе составува листа на желби за засилувања, а клубот ќе се обидува да му ги исполни. Тоа била една од главните теми на денешниот состанок.
Поради заминувањата на Ридигер и Кристенсен, Челси ќе треба пред се да се засили во дефанзивата, Кунуде треба да потпише овој месец за сините.
Тухел го побарал и Де Лихт од Јувентус кој веќе јавно изрази несигурност околу потпишувањето на нов договор со италијанскиот клуб. Втора опција е Гвардиол.
Челси е сериозен фаворит и за потписот на Дембеле од Барселона кој на Стемфорд Бриџ би можел да пристигне како слободен играч.
Новите сопственици на клубот сакаат Челси да биде конкурентен и да се бори за нејголемите трофеи.