По веста дека
Жерард Пике ја изневерувал Шакира и соопштението за разделба по 12 години
врска, атрактивната Сузи Кортез откри дека дефанзивецот на Барселона флертувал
со неа.
Популарната Миз
Бум Бум која често знае да ги покаже своите облини на социјалните мрежи во дрес
на Лео Меси и е огромен фан на Аргентинецот, за медиумите откри дека Жерард
Пике сакал да дознае какви се пропорциите на нејзиниот задник.
„Бев пријателка
со поранешниот претседател на Барса, Сандро Росел и кога Пике дозна, го побара
мојот број и ми праќаше пораки. Ми пишуваше и на Инстаграм, ме прашуваше колку
голем ми е задникот и велеше дека љубомори на моите посвети за Меси“ – раскажува
Сузи Кортез.
„До сега молчев
од почит кон Шакира, но сега сум подготвена да раскажам што ми се случуваше“.
Таа исто така
открива дека речиси сите фудбалери на Барселона и пишувале, освен Лео Меси и
Филипе Кутињо.
„Единствените играчи
на Барселона кои никогаш ништо не ми пишале се Меси и Кутињо. Двајцата се
одлични сопрузи и имаат голема почит кон своите жени“.
„Шакира не го
заслужи ова“.