159
Според новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орстеијн, Реал Мадрид и Монако постигнале вербален договор за трансфер на Чуамени. Вкупната сума со се бонуси изнесува преку 100 милиони евра.
Во процедура е ставање на договорот на хартија по што ќе се премине кон реализација на трансферот.
Интерес за Чуамени имаше и од ПСЖ, но Реал Мадрид ја доби трката по 22-годишниот фудбалер.