Баерн подготвува нова понуда, Мане бара помош од соиграч и преговара да се всели во куќата на Алкантара

by
1 минути читање

Шампионот на
Германија подготвува нов атакт за ангажман на Садио Мане откако Ливерпул ја
одби првата понуда вредна 25+5 милиони евра.

Баерн Минхен сега
на маса ќе стави 40 милиони евра, односно 35 милиони евра како фиксен дел и
додатни 5 милиони евра во бонуси.

Се говори дека
овој предлог ќе биде по мерак на Ливерпул и двете страни набрзо ќе си подадат
рака за трансфер.

Исто така,
медиумите пренесуваат дека Садио Мане веќе прави планови за живот во Минхен и
побарал помош од соиграчот Тиаго Алкантара. Сенегалецот сака да се всели во куќата
на Шпанецот, која две години е празна по неговиот трансфер од Баерн во Ливерпул
во 2020.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×