Барселона крена раце од Дембеле, иднината ја планира без него

by
1 минути читање

Договорот на Дембеле со Барселона истекува на 30. јуни, по што тој ќе може да си замине како слободен играч. Впечатокот на клубот по последниот состанок со неговиот агент, Муса Сисоко е дека позициите нема да се променат.

Фудбалскиот директор на Барселона, Матеу Алемани смета дека доволно чекаа одговор од Дембеле кој никогаш не го добија. Клубот веќе почнал да ја планира иднината без него.

Спортскиот менаџмент на клубот одамна се имаше откажано од Дембеле, но поради инсистирање на Чави се обновија преговорите за продолжување на соработката, но тие не вродија со плод.

Случајот сега е затворен, Дембеле ќе замине од Барселона, а клубот веќе си ги планира трансфер активностите за следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×